Тевдовски бара 35 милиони долари за нови градинки
Објавено во: Финансии 21 Април, 2018 09:51
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во Вашингтон преговара со Светската банка за програма од 35 милиони долари преку која би се отвориле нови и би се реновирале постојните детски градинки во Македонија.
,,Оваа година СБ слави 25 годишнина и значајно е да истакнеме дека Македонија прима огромна помош од оваа институција. Разгледуваме можности за идна соработка. Еден од поважните проекти за кои разговараме е помош во социјалната сфера во висина од 35 милиони долари за отварање нови градинки и реновирање на постојните, како и подобро таргетирање на социјалната заштита, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
Министерот Тевдовски и гувернерот на Народната банка на РМ Димитар Богов, денеска и
утре имаат средби со заменик-претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Миле,
директорт на банката за Југоисточна Европа, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер,
како и со извршниот директор на СБ, Френк Хемскирк и со шефот на мисијата на ММФ за
Македонија, Јасмин Рахман.
Најавува и дека со новиот закон за јавни набавки ќе се промени системот за таа намена во
Македонија и оти ќе постои многу поголема транспарентонст, ќе нема проблематични
бирократски процедури и ќе се постават механизми за спречување злоупотреби.
- Во моментов доставен е Предлог закон на јавен увид и изработен заедно со Американската
агенција за меѓународен развој (УСАИД). Организиравме неколку јавни дебати низ
Македонија од кои добивме повратни сугестии од страна на договорните органи, од
локалните институции како и од невладините организации. Сите заедно партиципираме за да
се изработи европски закон за јавни набавки, изјави Тевдовски.
Според него, една од најважните работи во новиот закон е тоа што секој договор и анекс ќе
мора да бидат поставени во електронскиот систем за јавни набавки на увид на јавноста, како
важен механизам за спречување злоупотреби.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





