16 Ноември, 2018
0.2552

Тевдовски: И во Данска постои прогресивен данок

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2018

„И во Данска постои прогресивно оданочување. Таму највисоката стапка достигнува 55 отсто, но ние не можеме да ја земеме оваа земја за пример бидејќи ефикасноста на институциите кај нас не може да се мери со земја како Данска. Можеме да се споредиме со земја од нашето соседство што има речиси исти услови како и кај нас“, вели во денешното интервју за БИРН министерот за финансии Драган Тевдовски, кој е познат по тоа што сака да се огледува на скандинавските економски модели.

Министерот за финансии деновиве со најавата за низа оданочувања и воведивањето на прогресивниот данок.

- Погрешно е мислењето дека рамниот данок е повеќе застапен бидејќи прогресивно оданочување доминира во ЕУ, во САД, со многу повисоки стапки од оваа што ја предлагаме. Од земјите од окружувањето веќе го воведоа Чешка, Словачка, Црна Гора, Албанија - наведува Тевдовски.

Тој не мисли дека одлуката е избрзана или неочекувана.

„За ниедни законски измени досега немало толку јавна дебата колку сега. За ова се дебатира неколку години. Ние еднаш веќе ја одложивме даночната реформа. Минатата година сметавме дека економијата е кревка, дека нема политичка стабилност за промена на даночните модел, но отворивме дебата. Го слушнавме ставот на јавноста, и дури на крај ги земавме предвид нивните барања, па го подигнавме прагот за кој се воведува повисоката стапка од првичните 60 илјади на 90 илјади денари. Имаме доволно аргументи овој пат да не ја одложуваме примената“, вели Тевдовски.

Додава дека рамниот данок е одлика на земји што имаат лоши, неефикасни институции. Како што земјите ја подобруваат ефикасноста на институциите, воведуваат и прогресивен данок.

- Во сите просперитетни општества, тие што имаат подобар животен стандард или повисок доход, тие плаќаат и по повисоки даночни стапки. Со воведувањето на дополнителна стапка од 18 отсто ефективната даночна стапка кај оваа група на луѓе ќе се зголеми - тврди првиот благајник на Македонија.

Додава дека оваа мерка не е козметичка и од неа ќе има ефект.

„Апсолутно не станува збор за козметичка мерка. Напротив, овие приходи ќе се искористат за редизајнирање на системот на социјална заштита, за кој се потребни и повеќе пари, околу 35 милиони евра. Целта е преку поголеми социјални трансфери што ќе ги таргетираат најсиромашните, а не како досега и оние со највисоки приходи преку мерки од претходната влада, како што беше на пример додаток за трето дете, значително да се намали сиромаштијата.Треба да се преземаат политики и мерки за зајакнување на јавниот сектор, особено клучните сектори, како што се образованието и здравството. Ние веќе преземаме такви чекори, но со поголеми приходи ќе направиме уште повеќе реформи“, вели тој.

Освен за доходи од труд, се зголемува и оданочување на доходот од капитал, како што е закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа и другиот доход, кои ќе се оданочуваат со единствена стапка од 15 отсто.


Можеби ќе ве интересира

МФ: Со Буџетот за 2019 се намалува буџетскиот дефицит за половина милјарда денари

МФ: Со Буџетот за 2019 се намалува буџетскиот дефицит за половина милјарда денари

Што ќе прави Стопанска банка со зачуваната добивка од осум милиони евра

Што ќе прави Стопанска банка со зачуваната добивка од осум милиони евра

СЕГА Е АЛАРМАНТНО: Платите им се 2.000 евра, а сепак се селат

СЕГА Е АЛАРМАНТНО: Платите им се 2.000 евра, а сепак се селат

СО САМО 23 ГОДИНИ ЗАПЛОВИЛА ВО БИЗНИС ВОДИТЕ: Има еден совет за сите млади

СО САМО 23 ГОДИНИ ЗАПЛОВИЛА ВО БИЗНИС ВОДИТЕ: Има еден совет за сите млади

Се мајтапи ли УЈП со пензионерите?Требало да се донесе нов закон

Се мајтапи ли УЈП со пензионерите?Требало да се донесе нов закон