Тевдовски најави кога и за колку ќе порасне минималецот
Објавено во: Економија 17 Март, 2019
Владата презема низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување на законски механизам за нејзино редовно усогласување. Ова го вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа. Тој посочува дека покрај покачувањето на платите, расте и продуктивноста, а се зголемува и вработеноста.
„Сега во април Министерството за труд и социјална политика најави дека минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари. Платите продолжуваат да растат. Tреба да се направат дискусии со работодавачите, бидејќи постои простор за дополнително зголемување на минималната плата“ – вели министерот за финансии.
Во однос на растот на БДП, Тевдовски вели дека е клучно тоа што се случува широко базиран раст, односно дека се јавува во повеќе сектори и не се должи на државна интервенција, за разлика од порано.