19 Февруари, 2019
0.3008
    ALK 8332.7    0.76%     BESK 9001    0%     BUTE 3000    0%     FERS 75000    0.81%     GRNT 810.71    -0.57%     KMB 5419.1    0.7%     MTUR 5100    0%     OHB 6700    0.74%     POPK 25    25%     RZIN 123    2.5%     RZLV 100.09    -1.87%     RZUS 98    -9.26%     SBT 2338.64    2.49%     STB 1249.23    1.56%     STBP 926    -9.92%     TEL 310.67    0.22%     TTK 1380    0%

Тевдовски: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018

Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите. Ова беше истакнато на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.

Министерот за финансии Тевдовски на дебатата ја истакна потребата од воведување на праведен систем на оданочување.

- Најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход - рече Тевдовски.

Поддршка за даночната реформа дадоа и поранешните министри Никола Поповски, Петар Гошев и Абдулменаф Беџети.

-ЕУ вели дека даночниот товар е 40%, а во еврозоната 42%. Србија и Хрватска имаат 46%, 47% даночен товар. Ние имаме помал даночен товар. Ваквата поставеност креира дефицит. Преку тоа се креира јавен долг - рече Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии.

-Рамниот данок не го забрза развојот. Во минатото стапката на раст беше 4,2%, а по воведувањето на рамниот данок е 2,6%. Рамниот данок не ни донесе раст, туку ни донесе огромен јавен долг - рече Петар Гошев, поранешен министер за финансии.

-Инвестициите не се зголемија благодарение на рамниот данок, немаше раст на БДП како што беше очекувано. Не беа постигнати очекуваните ефекти во ниту еден сегмент. Ние имаме регресивен даночен систем. Најмногу буџетот се полни од сиромашните и од средната класа - рече Абдулменаф Беџети, академик и поранешен министер за развој. 

Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10%.

Можеби ќе ве интересира

Стопанската комора прослави 97 коморско организирање - во чии раце отидоа наградите?

Стопанската комора прослави 97 коморско организирање - во чии раце отидоа наградите?

Вицепремиерот Анѓушев за енергетските реформи во земјава - Република Северна Македонија квантен скок

Вицепремиерот Анѓушев за енергетските реформи во земјава - Република Северна Македонија квантен скок

Регулаторна ги соопшти корегираните цени на горивата-има промени

Регулаторна ги соопшти корегираните цени на горивата-има промени

„Кока Кола“ го купи „Бамби“ за стотици милиони

„Кока Кола“ го купи „Бамби“ за стотици милиони

Какви измени предлага Тевдовски за поголема транспарентност на јавниот долг?

Какви измени предлага Тевдовски за поголема транспарентност на јавниот долг?

ЌЕ ИМА ЛИ ПОСКАПУВАЊЕ: Цената на нафтата во драматичен скок

ЌЕ ИМА ЛИ ПОСКАПУВАЊЕ: Цената на нафтата во драматичен скок

Отворен Научно технолошкиот парк, Манчевски верува во подобра младина

Отворен Научно технолошкиот парк, Манчевски верува во подобра младина

Продадена југословенската амбасада во Токио. Колку пари и следуваат на Македонија?

Продадена југословенската амбасада во Токио. Колку пари и следуваат на Македонија?

„Газпром“ ги објави податоците: Кои земји купиле најмногу руски гас лани?

„Газпром“ ги објави податоците: Кои земји купиле најмногу руски гас лани?