28 Март, 2024
0.0246

Тевдовски: Секој денар ќе се види за што се потрошил

Објавено во: Финансии 12 Август, 2018

Добивај вести на Viber

 Секој потрошен денар од државната каса ќе биде објавен до крајот на годината, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од Трезорот, информираа од Министерството за финансии и додаваат дека направиле консултации со граѓанските организации и претставници на медиумите, за да придонесат во изработката на платформата. Министерството, како што се посочува, со овој чекор ќе придонесе кон целосно отворање на процесите на управување со јавните финансии кон јавноста.

– Финансиската транспарентност ја исполнува својата цел. Јавноста има увид и прави притисок за правилно трошење на парите. Европската унија, за разлика од порано кога ја критикуваше нетранспарентноста во јавните финансии, сега во последниот извештај ја издвои токму фискалната транспарентност, како еден од клучните успеси – рече Тевдовски.

Тој посочи дека Министерството за финансии презело и низа други чекори за подобрување на транспарентноста. Како што истакна, се објавуваат извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа, извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа, а полугодишниот извештај за извршување на Буџетот за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници.

Министерот истакна дека е направен „Граѓански буџет“, како и дека е организирана јавна дебата за Буџетот пред тој да биде усвоен од Владата. За следниот „Граѓански буџет“ ќе има веб апликација, изработена од победниците на ФинХакатонот.

Од Министерството наведуваат дека во насока на зголемување на транспарентноста институциите сите договори за јавни набавки и анекси почнале да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Јавните набавки, како што се потенцира, станале повидливи за јавноста преку платформата Отворени податоци. Од Министерството за финансии додаваат дека на веб-страната ги објавуваат податоците во отворен формат.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка