29 Март, 2024
0.0245

Тевдовски: Влезот во НАТО ќе биде катализатор на економскиот раст

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

 Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој во видеоизјава за медиумите посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.

-Значително забрзување на економскиот раст се забележува кај сите земји од регионот, по пристапувањето во Алијансата. Стабилноста и меѓународната позиција која ја обезбедува членството, придонесуваат за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели. Пред се, тоа се забележува кај странските директни инвестиции. На пример, по пристапувањето во НАТО во Бугарија трикратно се зголемија странските инвестиции, во Албанија двојно, вели Тевдовски.

Тој посочува дека новите инвестиции значат нови работни места, нова додадена вредност, зголемување на обемот на трговија и зголемена економска активност.

-На пример, по влезот во НАТО растот на БДП во Бугарија е зголемен од 2,8% на 6,7% во просек. Невработеноста кај земјите кои пристапија во НАТО во 2004 во просек е намалена од 11,4% на 6,3%. Сето тоа резултира со подигнување на животниот стандард, што се покажува и преку растот на номиналниот БДП пер капита усогласен за паритетот на куповна моќ, кај овие земји, нагласува Тевдовски.

Неделава кредитната агенција „Фич“, како и реномираниот фонд за управување со средства „Итон Венс“ посочија дека Македонија има напредок во евроатлантските интеграции и дека местото и е во ЕУ и НАТО.

Од „Фич“ истакнаа дека тоа влијае на забрзување на економската активност, додека „Итон Венс“ ја оценија Македонија како најпривлечна дестинација за инвестирање во Централна и Источна Европа.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат