29 Март, 2024
0.0250

Тевдовски во Јордан бара пари за изградба на два автопати

Објавено во: Финансии 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија, се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Јордан.

ЕБОР се заинтересирани за финансирање на овие проекти и има можност за доделување на грант средства за изведување на дел од градежните работи за автопатот Гостивар-Кичево, за што стана збор на средбите. Грантот би се однесувал за дел од изградбата на првата делница од автопатот, односно делницата Букојчани – Кичево во должина од 12 километри. Се очекуваат и грант средства и за реконструкција на патот Крива Паланка-Деве Баир.

„За автопатот Скопје – Блаце веќе добивме грант од ЕБОР за комплетирање на проектната задача, која треба да биде готова за помалку од три месеци“, истакна Тевдовски. Како што посочи, најголем дел од соработката на Македонија со ЕБОР е во транспортниот сектор. Во делот од железничката инфраструктура на средбите се зборуваше за реконструкција на пругата Скопје – Кичево.

„Од железничката инфраструктура, важен е коридорот 8 – пред се како идни проекти Скопје – Кичево. Битен е и проектот за електронски системи долж коридорот 10 и проектот за изградба гранична станица на железничкиот коридор 10, помеѓу Република Македонија и Република Србија“, рече Тевдовски.

Тој додаде и дека Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се зборува за крупни капитални проекти, бидејќи на нив присуствуваат клучни луѓе на финансискиот сектор. „ ЕБОР е сериозен партнер на Македонија. Нивното тековно портфолио на проекти изнесува 707 милиони евра. Најголем дел од проектите се од транспортниот сектор, во патната инфраструктура, каде ЕБОР учествуваше во финансиската конструкција на патот Демир Капија-Смоквица, на експресниот пат Штип-Радовиш, ремонтот на пругата на коридорот 10 и рехабилитација на железничката пруга на коридор 8“, рече Тевдовски.

Покрај билатералните средби со високи претставници на ЕБОР, министерот Тевдовски ќе учествува и на Тркалезната маса на Бордот на гувернери и на панелот „Зелена инфраструктура“.


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап