ТЕЖОК СУДИР НА ДВА ШЛЕПЕРИ: Страотна несреќа на автопатот Нови Сад - Суботица
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2019
Два шлепери се судриле ноќеска на автопатот Нови Сад - Суботица, пренесуваат српските медиуми.
Како што се наведува несреќата се случила половина час пред 20 часот .
Пожарникари, полиција и итна помош едвај ги извлекувале телата на возачите од камионите .
Според зборовите на очевидци, сообраќајот на една делница од автопатот се одвива од левата коловозна лента, а десната е блокирана додека не се утврдат сите околности и причини за несреќата.
Како што рекле очевидците, шлеперите превезувале дрва, а еден слетал во каналот покрај патот.
Од Службата за итна помош рекле дека 55 годишен возач на камион се здобил со повеќе повреди и дека во свесна состојба е пренесен во Ургентниот центар КЦВ во Нови Сад.