20 Април, 2024
0.0257

ТЕЖОК УДАР ЗА МАКЕДОНИЈА: Познато колку милиони ќе изгубат „Макстил“, „Арчелор Митал“, „ИГМ Трејд“, ФЗЦ „11 Октомври“ и „Металопромет“

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber


Стопанската комора на Македонија ги објави ефектите од објавените мерки на Европската комисија за ограничување на увозот на челични производи и во прашање се милионски загуби посебно за секој од македонските комбинати „Макстил“, „Арчелор Митал“, „ИГМ Трејд“, ФЗЦ „11 октомври“ и „Металопромет“ во периодот од три години додека траат ограничените квоти, по кои се воведува царина од 25 отсто.

„Макстил“ ќе загуби 78 милиони евра за непродадените лимови, а „Арчелор Митал“ ќе пропушти заработка од 48 милиони евра.  „ИГМ Трејд“, ФЗЦ „11 октомври“ и „Металопромет“ заедно би останале без 45 милиони евра за непродадени цевки.

За производителот за топловалани дебели лимови „Макстил“ е предвидена глобална квота, базирана на испораките во ЕУ во периодот 2015-2017 година,  од која кога ќе се изземат определените максимуми за Украина, Јужна Кореја, Русија и Индија, останува количина од 1,2 милиони тони за сите останати земји. Финансиските реперкусии само од нереализираната додадена вредност  би биле 25,0 милиони евра,  односно 78,0 милиони евра по полната продажна цена на лимовите.

За производителот на ладновалани, пластифицирани и поцинкувани лимови „Арчелор Митал“, кој од скоро има нов сопственик, е предвидена национална квота за пластифицираните лимови и новина е што е предвидена глобална квота за ладноваланите лимови. Во сегментот на пластифицирани и поцинкувани лимови се очекува намалено производство за околу 11.000 тони за цело времетраење на мерките, вкупна изгубена продажба за овој сегмент 24 милиони евра, со тоа што намаленото производство  би влијаело на зголемување на фиксните трошоци по тон, а со тоа и на целокупната профитабилност и рентабилност на производството. Во сегментот на ладновалани лимови загубата би била 24 милиони евра.

Производителите на челични цевки „ИГМ Трејд“, ФЗЦ „11 Октомври“ и „Металопромет“, за кои се предвидени национални квоти базирани на испораки во периодот 2015-2017 година и кои 2018 година ќе ја завршат со пласман над тој тригодишен просек, би имале квота помала за цца 70.000 тони, што би претставувало намалување на приходите за цца 45,0 милиони евра.н Производителите на метални цевки поради истрошените квоти од времените мерки кон крајот на минатата година веќе почнаа со редуцирање на  производството.

Покрај заштитните мерки на Европската унија за ограничување на увоз на челични производи од Република Македонија, производителите на метални цевки дополнително се оптоварени и со  антидампинг постапка за увозот на заварени цевки, цевки и шупливи профили од квадратен или правоаголен пресек од железо, којашто во моментот е во тек.




Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите