ТХП: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја одиграа последната злосторничка игра
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Од Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) велат дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера ја одиграа последната злосторничка игра со тоа што директно иницира напад врз Собранието на Република Македонија.
Тие најостро ги осудуваат сите напади врз пратениците и новинарите и упатија апел до граѓаните да бидат трезвени и стрпливи и да не паѓаат на провокациите.
„Упатуваме апел и до новата опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со недемократските начини на дејствување и да се соочат со реалноста.Денес е историски момент во историјата на независна Македонија која повторно ги враќа демократските принципи“ - стои во реакцијата.
Партијата за Движење на Турците во Македонија го честита изборот на претседател на Собранието и му посака успешна и професионална работа на новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.