Тие македонски граѓани што ќе го бојкотираат пописот ќе значат помалку попишани Македонци, исто е и со Албанците, вели премиерот
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
Премиерот Зоран Заев не гледа ниту една причина за одложување или неспроведување на пописот во април годинава.
Според него, тие што повикуваат на бојкот на пописот, всушност ги принудуват граѓаните да го кршат законот, по што граѓаните ќе треба да платат казни.
„Не гледам ниту промил причини за негово одложување или неспроведување. Никаде, па ни кај нас, посебно затоа што немаме потпис повеќе од 10 години. Мене ми е драго што кај опозицијата не го гледам зборот ‘бојкот’, туку ‘непризнавање на резултатите’. Бидејќи, да терате некого на бојкот, е да ги терате граѓаните да го кршат законот. Кој ќе им ги плати казните на граѓаните што ги ставил во такви околности. Ако било кој македонски политичар даде инструкции да седат граѓаните дома, тогаш тие македонски граѓани ќе бидат помалку попишани. Албански политичар може истото да го направи, и тогаш Албанци ќе бидат попишани помалку. Истото е и со Бошњаци, Турци, Срби, Власи, Роми… Или ако организираат во Карбинци, Кочани, Делчево, Дебар… Тие граѓани ќе патат, за тие општини ќе нема соодветно пари според проекциите на државата“, објасни пре миерот Заев.