Тие остануваат со најнизок минималец во регионот
Објавено во: Економија, Балкан 13 Декември, 2018
Црна Гора останува со најниска минимална плата во регионот.
Нивните работници добиваат минималец од 193 евра.
Синдикатите ќе бараат тој да се зголеми на 250 евра.
Платата од 193 евра е утврдена уште во 2013 година.
Србија, БиХ, Македонија и Косово имаат повисок минималец, иако просечната плата е пониска кај нив. 80.000 луѓе во Црна Гора земаат плати до 250 евра, а 36.639 земаат помалку од минималец од 193 евра.