„ТИЕ СЕ СЕГА ВО НАШИ РАЦЕ И НЕ СЕ ПУШТАМЕ“: трогателно видео од ослободувањето на заробените девојки од Израел

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2025
- Тие се сега во наши раце и не се пуштаме
Добредојдовте дома, Даниела, Лири, Карина и Наама - напиша Израелските одбранбени сили во видеото од обединувањето на младите девојки со нивните фамилии.
They’re in our hands now and we are not letting go
— Israel Defense Forces (@IDF) January 25, 2025
Welcome home, Daniella, Liri, Karina and Naama. pic.twitter.com/A1V9FcbQY6
Потресното видео ги покажува девојките како се гушкаат со своите најблиски.
Солзи радосници, крикови на тага и издишка се слушаат. Измешани емоции...
Девојките поминаа 477 денови во заробеништво, а меѓу ослободените е и Наама Леви која има македонско потекло.
Таа беше дел од групата четири заложнички кои Хамас ги ослободи вчера. Леви била киднапирана на 7 октомври 2023 година при упадот на припадниците на Хамас во Израел.
„Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, изјави роднина на ослободена заложничка.
Наама Леви, како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви на табла, на англиски и на хебрејски јазик напиша: „Конечно дома“.
Македонската врска на Леви е преку нејзината чукун баба, Грасиа Бивас која била родена во Македонија во 1893 година. Бабата, како девојче заминала во Израел каде што основала семејство.
Претставници од еврејската заедница од Северна Македонија, како и претставници од роднините на Леви, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување базирано на нејзиното македонско потекло
Фото: Принтскрин/ТвитерМожеби ќе ве интересира
„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?

(ВИДЕО) ТУРЧИНКА ГО ОБОЖАВА ЕРДОГАН: Неговите очи ги истетовира на своето чело

КОИ ТУМОРИ ЌЕ СТАНАТ АГРЕСИВНИ: Научниците пронајдоа начин да предвидат
„ПОСТОЈАНО ДОЛЕВААТ МАСЛО НА ОГНОТ“ Сијарто удри по европските лидери пред итниот состанок во Париз
