Тие се во ЕУ, но имаат над милион сиромашни граѓани
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2018
Евростат oбјави дека во Хрватска 27,8 отсто од вкупното население живеат на работ на сиромаштијата, а тоа е речиси 1,2 милион луѓе.
Речиси 20 отсто од луѓето во Хрватска се во опасност од сиромаштија иако примаат социјална помош, а 10,3 отсто од населението не може да си дозволи четири од девет материјални добра потребни за живот. Тоа се однесува на плаќање сметки, неочекувани трошоци, не поседуваат автомобил, телевизор, не се хранат со протеински богата храна секои два дена, како риба или месо, и не може да си дозволат седумдневно патување или одмор.
Оваа бројка ја сместува Хрватска на врвот на европските земји со голема опасност од сиромаштија. Хрватска бележи помал ризик од 6 земји членки на Унијата, а поголем ризик од 21 членка.