11 Декември, 2024
0.0260

Timberland доаѓа во East Gate Mall со уште поголем избор на кул модели

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Деновиве, Timberland ја претстави новата и уште постилска колекција за студената сезона што ни претстои, а како што можете да замислите, сите парчиња се подготвени сериозно да му се спротивстават на студот.

На наше големо задоволство, ве информираме дека Timberland доаѓа во новоотворениот East Gate Mall на уште поведар простор, со уште поголема понуда на кул парчиња.

Токму таму, ќе ги најдете сите модели поддржани и целосно развиени од новиот креативен директор на брендот, познатиот британски дизајнер Кристофер Ребурн, кој се чини дополнително ја истакна препознатливата естетика на брендот.

Како што и тој самиот најави, оваа сезона, тие уште еднаш ја потврдуваат целата култура поврзана со познатите Timberland чизми, прикажувајќи ги како задолжително парче во зимската гардероба.

Овојпат, истите доаѓаат во уште посовремено издание изработени од целосно природни материјали кои брендот сезонава повеќе од кога и да е ги става на прво место.

Токму важноста и квалитетот на Timberland чизмите ги потврдуваат и редовните клиенти на американската стоковна куќа Nordstorm кои во една неодамнешна анкета ги избираат токму нив, како модел број еден за студените зимски денови.

Сите модели на вашите омилени чизми, но и исклучителен избор на патики и стилски и пред сè, топли парчиња облека, ќе ве очекуваат во новата продавница на брендот во East Gate Mall.

Како што велат од брендот, оваа сезона, повеќе од кога и да е, одиме против нашите граници и уживаме во сите можности што ни ги нуди природата со линијата обувки за планинарење, сега, постилски и поудобни од кога и да е.

Дека е ова повеќе од вистина, докажува и новата емисија на музичката платформа Complex едноставно наречена: „Hiking with rappers“ во која познати музички ѕвезди како Лил Ким, Биг Шон, Фет Џо и многу други, планинарат целосно опремени во најуникатните Timberland парчиња.

Веројатно, сето ова звучи ултра забавно, па веднаш посакавте да се втурнете во авантура слична како нивната.

За вакви, но и многу нови авантури на кои знаеме дека едвај чекате, парчињата од вашиот омилен бренд многу наскоро ве очекуваат во East Gate Mall!


ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип