Tимоние за „Рекет“: Oвој случај заслужува итен одговор
Објавено во: Македонија 09 Август, 2019
Случајот „Рекет“ заслужува итна реакција на одговорните и сигурен сум дека ќе видиме напредок, вели за Тв 24, францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.
„Франција е најголем поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија и мислам дека жителите имаат желба за големи промени во општеството, пред се во однос на реформите во јавната администрација и судството“, вели францускиот амбасадор Тимоние.
Има лек за секоја болест, рече Тимоние за тоа што се случува во државата.