28 Март, 2024
0.0303

ТИРЗ по текстот на „Фактор“: Дура Аутомотив прво ќе инвестира, па потоа ќе ја добие помошта

Објавено во: Економија 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолоши индустриски развојни зони реагира дека ниту еден проект не е финансиран од Владата, туку се дава поддршка на основ на реализација, што значи прво инвеститорите инвестираат, а потоа подршката се испаќа по реализација.

Ваквиот одговор на ТИРЗ следува по објавениот текст на „Фактор“ за државната помош која двете подружници на Дура Аутомотив, чија изградба во моментов се планира, би можеле да ја добијат. 

„Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е давател на државна помош за компаниите во зоните. По воведување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и пред неговото воведување, сите договори се со поддршка во период од десет години или интензетет на кумулативна помош до 50% од оправданите инвестициски трошоци направени во 5-годишен инвестициски период, зависно што настапува порано, согласно европската регулатива ЕЗ) бр.800/2008.

Со воведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, сите договори склучени со Дирекцијата ги содржат елементите 10% од капитална инвестиција, 10% зависно од  пораст на приходи, како и мерките за вработени според истиот закон.

На пример, доколку се земе инвестиција од 10 милиони евра, истите за да бидат прифатени како оправдани инвестициски трошоци треба да бидат инвестирани во 5 години од почетокот на инвестицијата, додека поддршката за проектите трае 10 години. Од истата инвестиција доколку инвеститорот ги инвестира средствата кои се докажани како оправдани инвестициски трошоци, истиот ќе добие поддршка со грант компонента од 1 милион евра (10% од капитална инвестиција), 1 милион милион (од  пораст на приходи), во зависност од број на работни места по шемата од закон за финансиска подршка. За полесно да објасниме ќе земеме бројка од 300 вработени (300 x 2000 = 600,000 евра)“, велат од таму.

Од таму додаваат дека голем дел од помошта се всушност даночните и царинските ослободувања, кои инаку би требало инвеститорот да ги плати кон државата.

„За ваков проект максималната подршката во периодот до 10 години ке биде 2 милиони и 600 илјади евра во денарска противвредност во грант компонента распределена во годишни рати, и 2 милиони и 400 илјади во даночни и царински ослободувања во денарска противвредност (доколку помине 10тата година а има неискористена државна помош истата престанува, истото се случува доколку се стигне до 50% пред истекот на 10 години од почетокот на проектот).

Колку се поголеми проектите на инвеститорите, толку е поголем извозот од државата, толку се пософистицирани производствените процеси, толку е поголема добит за сите“, додаваат од ТИРЗ.



Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“