23 Април, 2024
0.1728

Тивко замина Митко Аврамоски, еден од најгласните од семејствата на загинатите кај Ласкарци

Објавено во: Македонија 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска продолжува судењето за случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници а повеќе од 30 беа повредени. Еден од загинатите за жал беше и младиот Бобан Аврамоски чиј родител Митко беше еден од најпосветените во судскиот процес. За жал тој не го дочека денешното рочиште. Починал вчера на 55 години, од срцев удар. 

Митко Аврамоски, јавува Сител, беше еден од најгласните од семејствата на жртвите во несреќата и се бореше за правда. Бил вработен во МВР- Гостивар.

Новото рочиште за случајот „Ласкарци“ ќе се одржи денеска, а обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и уште тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на Белули.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година кај селото Ласкарци, а според обвинението, главната причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и брзото возење.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...