29 Март, 2024
0.0344

Даниел Шопов, извршен директор за продажба во АVON за Македонија, Бугарија и Албанија

ИНТЕРВЈУ Шопов: Тоа што го прави еден лидер добар и успешен се луѓето со кои е опкружен

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Со Даниел Шопов поразговаравме на темата што значи денес да си лидер и предизвиците кои ги носи оваа функција. Како извршен директор за продажба во АVON тој е задолжен за македонскиот, бугарскиот и албанскиот пазар. Неговите почетоци во оваа компанија датираат уште од 2011 година како аналитичар за продажба, но од тогаш тој го гради своето огромно искуство во многу различни улоги во рамките на козметичката компанија, за денес со полна самодоверба да води три различни пазари, како што вели самиот тој благодарeјќи на својот силен тим за продажба. Во продолжение ги споделуваме неговите размисли за работата лидерството и кариераата воопшто.

1.  Што е за вас добар и успешен лидер? Дали лидерството е природна особина или нешто што се учи?

Тоа што го прави еден лидер добар и успешен, се луѓето. Има еден цитат што го прочитав пред неколку месеци во едно интервју со Илон Маск и вели “Титулата те прави менаџер, но луѓето те прават лидер”. Па така, тоа што лидерот го прави добар и успешен е способноста да направи луѓето да го следат. Да инспирира се разбира, да мотивира, ова се одлики кои секој добар лидер мора да ги поседува, но се’ почнува од луѓето. Затоа што ако луѓето не сакаат да ве следат или не веруваат во вашата визија, нема да водите ништо. Помага доколку лидерот е харизматичен, ако е добар говорник и ако знае да создаде приказна, но над се’ – лидерот треба да биде автентичен.

Верувам дека лидерството е нешто што може да биде научено, но за тоа треба силен внатрешен мотив. Се разбира, како и со се’ останато талентот помага, помагаат природната способност и склоност, но најпрво треба да сфатите дека да се биде лидер значи да се прифати одговорноста, значи дека сте на линијата на фронтот. Не значи дека сите одлуки се ваши. Не значи дека целата визија е ваша  - таа ја креирате заедно со вашиот тим и вашите луѓе, но на крај одговорноста е ваша.

2.  Имате ли свои методи и принципи на работа и работна етика што се можеби поразлични од македонските, и како тоа им го пренесувате на своите вработени?

Верувам во почитување и препознавање на трудот и достигнувањата на луѓето, во разбирање и поттикнување на тоа што сите ги мотивира. Се обидувам тоа и самиот да го демонстрирам и да ја охрабрувам културата на отворена и искрена комуникација. Верувам дека ова се најважните темели на квалитетната изведба, со кои се поставуваат темелите на успешната организација.

3.  Како ги инспирирате и мотивирате вработените?

Верувам во лидерство преку пример и креирање на работна средина која ја негува инспирацијата на вработените и која ги унапредува. Признанијата за успех, тимски дух, мали или големи достигнувања се исто така есенцијален мотивациски елемент и можат да заземат многу формални и неформални облици. Се трудам да ги запознаам луѓето на индивидуално ниво и да разберам што го мотивира секој од нас. Најмногу од се’, вистински верувам дека луѓето сакаат да припаѓаат и да придонесуваат за нешто поголемо од нив самите. Ова е мојата крајна цел како лидер – да им покажам на луѓето дека нивниот труд прави позитивна промена во нечиј живот.

4.  Дали некогаш ви било предизвик тоа што сте маж во компанија која е перцепирана како “женска”, односно најголем дел од клиентите се жени?

Авон е компанија која пред се’ ја почитува професионалноста. Предизвикот никогаш не беше да се биде маж во оваа компанија, туку да се разберат согледувањата за потребите на убавината и како да и’ дозволиме на убавината да ни помогне на сите нас да бидеме подобри.

5.  Дали мажите навистина се “ослободени” од притисокот да рефлектираат одреден имиџ во професионалната сфера, или изгледот сепак треба да биде одлика на стилот на живот?

Не верувам во стандарди за одреден имиџ, за мене е важно сите да се чуствуваат слободно да ги изразуваат своите мисли, идеи, идентитет и одраз на стилот на живот. Начинот на кој се облекувам, начинот на кој се грижам за мојата кожа, начинот на кој ја уредувам мојата канцеларија на пример, сето тоа ми помага да се чуствувам подобро во врска со себе и да бидам подобар во тоа што го работам. Сево ова го научив на моето патешествие со Авон.

6.  Дали и вие ги користите производите на АVON? И кои ви се омилени?

Се разбира. Ги користам продуктите за нега на кожа и парфемите на Авон. Верен потрошувач сум на ANEW Reversalist колекцијата за нега на кожа. Кога го лансиравме парфемот AVON Attraction навистина ми се допадна, и го користев само него во последниве неколку години. Како и да е, секогаш сум отворен за нови работи, барам нова инспирација, и истата ја најдов во новиот парфем Avon Segno. Моето лично мото е дека човекот треба постојано да се менува, да испробува нови работи. Јас го нарекувам “избери повторно” – го обожавам Attraction но време е повторно да изберам и овојпат го бирам Segno.

7.  Кој е мажот што ќе се пронајде во новиот SEGNO парфем?

Segno е секој “современ витез” кој секојдневно го сретнуваме, маж кој стои зад своите принципи со витештво и ги инспирира другите да го следат.

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV