ТОЧЕТЕ ГОРИВА: Од ноќеска цените скокаат
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019
Поскапуваат бензините и дизелот .
Новите цени стапуваат на сила од полноќ од кога Еуросупер БС-95 ќе се продава поскапо за еден денар и ќе чини 68,50 денари.
Од друга страна Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства бележат скок на цените за половина денар и од ноќеска ќе се точат за 70,50 денари Еуросупер БС-98, дизелот за 62 денари а екстра лесното масло за домаќинства ќе чини 50,50 денари.