21 Јануари, 2021
0.0286

Точете пред полноќ: Поскапуваат бензините и дизелот

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020

Поскапуваат бензините од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм  

По полноќ моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 60,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 62,5 денари за литар. Дизел гориво ќе чини 53 денари, а масло за горење Екстра лесно 53 денари за литар. Цената на Мазут М-1 НС ќе биде 28,501 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 


Можеби ќе ве интересира

Угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци

Угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци

Во Словенија минималецот скокна над 1.000 евра

Во Словенија минималецот скокна над 1.000 евра

И оваа година субвенции за вградување на погон на ТНГ или метан во возилата

И оваа година субвенции за вградување на погон на ТНГ или метан во возилата

Генерали Инвестментс: Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет

Генерали Инвестментс: Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет

Битиќи: Следната недела ќе видиме дали угостителите ќе работат до 23.00 часот

Битиќи: Следната недела ќе видиме дали угостителите ќе работат до 23.00 часот

Џек Ма се појави во јавност по три месеци откако ја искритикува кинеската влада

Џек Ма се појави во јавност по три месеци откако ја искритикува кинеската влада

Заев денеска ќе најави нова ИКТ инвестиција

Заев денеска ќе најави нова ИКТ инвестиција

ДО АПРИЛ ТУРИЗМОТ ЌЕ БИДЕ ВО КОЛАПС: Кога можеме да очекуваме странски гости?

ДО АПРИЛ ТУРИЗМОТ ЌЕ БИДЕ ВО КОЛАПС: Кога можеме да очекуваме странски гости?

Државата дала шест милиони евра за железничкиот транспорт

Државата дала шест милиони евра за железничкиот транспорт