18 Април, 2024
0.0325

ТОДОРОВА: Мали се можностите за намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Многу малку реални се можностите за намалување на каматните стапки на кредитите , вели Милка Тодорова, претседател на Управниот одбор на УНИБанка, во интервју за Фактор

Тодорова истакнува дека за банкарите е важно да се чуваат од понудата на кредити според цени коишто не го покриваат ризикот за целиот рок на кредитот, зашто не треба да се има илузии дека растот ќе трае бескрајно долго. 

„Важно за нас банкарите, е да се чуваме од понудата на кредити според цени коишто не го покриваат ризикот за целиот рок на кредитот, зашто не треба да имаме илузии дека растот ќе трае бескрајно долго. Наоѓајќи се под влијание од сегашниот момент и пазарниот натпревар помеѓу одделните банки, не треба да го испуштаме долгорочниот разум во себе, за тоа да не ни се одрази негативно во иднина“, посочува Тодорова.

Во однос на падот на каматите на депозитите кои во последните години се во постојан пад како последица на светските трендови, Тодорова вели дека вакви и слични услови задржувањето и зголемувањето на штедењето на граѓаните е предизвик. 

„УНИБанка ги нуди најдобрите можни услови за своите клиенти, при што најпривилегираните се оние од нив, коишто ги примаат своите приходи преку сметките коишто се водат кај нас. За нив постои посебна стимулативна камата за сите депозитни производи, како и специјални намалувања за кредитните производи. Но не е само процентот на каматата важен при изборот на банка за штедење. Исклучително важна е и довербата на клиентите во банката. Да гледаат во нејзе долгорочен и стабилен партнер. Таквите односи сме ги изградиле заедно со нашите клиенти и благодарение на нив непрекинато ги зголемуваме средствата на истите“, додава Тодорова. 

Целото интервју читајте го тука.

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор