ТОЈ Е НАЈБОГАТ ВО СРБИЈА: Има 316 компании
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Најбогат човек во Србија ако се суди по бројот на фирми е Роберт Фејес од Нови Сад, кој е сопственик, застапник или директор на 316 фирми, пишува Блиц.
На име на сестра му Изабела Фејес има 86 фирми.
Во меѓувреме во простапка за регистрација се уште 13 компании.
Фирмите се занимаваат со трговија на големо и мало, печатење, туризам, па дури и даночно советување.
Но, има нешто заедничко за сите фирми. Тие во 90-те се регистрирани по судови и други места во Србија и со години не биле активни.
Работите се смениле лани и оваа година кога раководните лица се променети.