21 Октомври, 2019
0.0168

TОЈ Е ТРЕТ НАЈБОГАТ ВО СВЕТОТ: Кој е Французинот чие богатство вреди над 100 милијарди долари

Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2019

Најбогатиот Французин и генерален директор на LVMHa, Бернар Арно се придружи на листата најбогат светски тројца чие богатство преминува 100 милијарди долари.

Така покрај Џеф Безос и Бил Гејтс, овој 80 годишен претприемач се сместил на третата позиција на индексот на богатства на Блумберг и со своите 100,4 милијарди долари на листата го „лизна“ Ворен Бафет.

За споредба , богатството на Арно од 100,4 милијарди долари изнесува дури три отсто од француската економија.

За својот голем скок на листата најбогати тој може да му се заблагодари на растот на цената на акциите на LVMH од дури 43 отсто. Само оваа година неговото богатство пораснало за скоро 32 милијарди долари.

Инаку, Арно контролира скоро половина од познатиот француски моден ланец во чија групација, освен Луис Витон се наоѓаат уште 70 светски познати брендови. Само некои од нив се Belvedere, Dom Pérignon, Hennessy, Moët & Chandon, Sephora, Céline, Dior, Fendi, Kenzo, Marc Jacobs, Bulgari…

Сопственик е и на францускиот весник Ле Паризиен а во негова сопственост е и L’Echo кои со задоволство пишуваа за протестите на Жолтите елеци. Постојат процени дека Арно ги организирал Жолтите елеци за да го урне Макрон, кој , како многумина тврдат токму тој и го донел на власт и го ослабел Ротшилд. Тој е и еден од првите инвеститори во Нетфликс.



FOTO: EPA, IAN LANGSDON

Можеби ќе ве интересира

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Владата на Заев до сега со три заеми, една еврообврзница и со огромен кредит на повидок

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода