23 Април, 2024
0.0251

Томислав Тунтев сработи без добивка и со поголеми расходи

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Томислав Тунтев својата прва година како директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ја заврши без добивка на регулаторното тело за безбедноста во авионскиот сообраќај, покажува годишниот биланс. 

Според годишниот финансиски план на АЦВ, иако се уште неофицијално потврден, приходот, кои главно доаѓа од меѓународни прелети, ќе изнесува 198 милиони денари, а речиси исто толку треба да изнесуваат и трошоците, каде што доминираат платите и чланарините.

Искусниот воздухопловец на почетокот од 2019 си поднесе оставка како пратеник во Собранието и веднаш потоа беше назначен за прв човек на Агенцијата.

Приходите за 2018 и 2017, според годишните извештаи, изнесувале 225, односно 195 милиони денари. Трошоците биле помали споредбено со 2019 и изнесувале 180 милиони во 2018, односно 165 милиони во 2017. Неоданочените добивки на крајот биле 45, односно 31 милион денари.

Мора да се признае дека на намалувањето на приходите влијае и намалувањето на парите кои доаѓаат по основ на камати. Во 2018 година тие изнесувале 36,3 милиони денари, а во 2017 забележани се 25,5 милиони денари пресметани и наплатени камати на побарувања од купувачите во земјата во извршна постапка. Тие лани изнесувале само 16,5 милиони, додека трендот на опаѓање ќе продолжи и оваа година во која се очекува да бидат само 100.000 евра.

Години наназад АЦВ имаше пад на приходите во низа, а пред десетина години имаше проблеми и како должник на УЈП.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик