Топалов се сложува со Георгиевски и вели дека нашата историографија е заснована врз лаги
Објавено во: Македонија 01 Март, 2021
Бугарија е најомразениот непријател на Македонците, вели Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и образованието.
„Не се согласуваме со изјавите, на пример, дека во средниот век немало бугарски народ, туку „македонски“, дека Светите браќа Кирил и Методиј не се Бугари, туку „Македонци“, и дека тие создале азбука не на бугарски јазик туку на македонски јазик, кој подоцна преминал на другите словенски народи, вклучително и на бугарскиот. Не се согласуваме дека Цар Самоил ја создал големата и моќна „македонска“ држава и ги поробил „Бугарите“, Србите, Албанците, Грците и другите, не се согласуваме дека Гоце Делчев не е Бугарин, туку Македонец, дека Браќата Миладинови, Григор Парличев, Рајко Жинзифов и ред други бугарски национални преродбеници се „Македонци“, а не „Бугари“. Целата нивна историографија е заснована врз лаги и несовесни фалсификати на историски факти“, истакнал Топалов во интервју за бугарскиот портал „trud.bg“.
Тој вели дека политиката во Македонија кон нив е одредена од „длабоката држава водена од белградските служби, како што изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски“.