28 Март, 2024
0.0275

Топлификација информира кој го поднел предлогот за отворање на стечајна постапка

Објавено во: Економија 15 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

За информацијата објавена во медиумите дека над Топлификација АД Скопје е отворена претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка, од Топлификација АД Скопје информираат дека  предлогот за отворање на стечајна постапка на Топлификација АД Скопје е поднесен од страна на Друштвото Битар Холдингс Лимитед- Кипар, на кого Топлификација АД Скопје по основ на договор за заем му должи 1 милион евра. 

„Овој заем Топлификација АД го има  земено  во текот на  2010 година за изградба на електраната ТЕ-ТО АД Скопје. Средствата од заемот се дадени како депозит во Комерцијална банка АД за гаранција на кредитот кој ТЕ-ТО АД Скопје го има земено од Комерцијална банка во износ од 7 милиони  евра за изградба на електраната;  Сопственик на ТЕ-ТО АД со 89,2 % е Друштвото Битар Холдингс  Лимитед –Кипар ; ТЕ-ТО АД на Топлификација АД по основ на договори за заем и должи околу 23 милиони евра само главен долг, од кои за 6,8 милиони евра Топлификација АД Скопје има започнато извршна постапка, во која побарувањето на Топлификација АД заедно со каматата согласно пресудата потврдена од Врховен суд на Р.Македонија,  изнесува 11,4 милиони евра.  Битар Холдингс Лимитед е доминантен сопственик на Друштвото ТЕ-ТО АД Скопје, што подразбира дека тој и должи на Топлификација АД износ од околу 28 милиони евра  главен долг  заедно со каматата  по првата правосилна и извршна пресуда ; Од погоре изнесеното јасно е дека предлагачот за отворање на стечај над Топлификација АД , Битар Холдингс Лимитед, преку својата компанија ТЕ-ТО АД Скопје,  е најголемиот должник  на Топлификација АД Скопје. Бидејќи друштвата меѓу себе имаат взаемни побарувања и обврски, јасно е дека овој долг /побарување може да се компензира меѓу самите  друштва“ - стои во соопштението. 

Секоја друга постапка во овие услови би значело намерно нанесување на штета на  Топлификација АД Скопје од страна на  Битар Холдингс Лимитед, велат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра