27 Април, 2025
0.1340

„Топлина“ од Подмоље доби рекорден тендер од соништата за ископ на јаглен

Објавено во: Економија 16 Април, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

„Топлина“ од охридско Подмоље за прв пат во својата корпоративна историја ќе заработи 24 милиони евра за една година, иако ќе треба да ги подели со партнерите-подизведувачи, откако го потпиша договорот со ЕСМ за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Брод-Гнеотино, инаку под концесија на РЕК Битола.

Договорот е потпишан на 7 април, а објавен е во понеделникот, на сума од 24 милиони евра без ДДВ, а ова за градежната компанија е прва „крупна“ јавна набавка во историјата. Претходните тендери што ги има добиено, според приказот од системот за јавни набавки, се постигнати со општините Охрид, Битола, Прилеп и Виница за разни градежни активности, но не биле поголеми од 2 милиони евра по јавна набавка. И самата фирма на охриѓанецот Ќирче Митрески никогаш немала толкави вкупни приходи во една година. Според последната евиденција, најдобра е 2023 со 12,5 милиони евра приход и значително отскокнување во однос на претходните години.

Според договорот со ЕСМ, „топлина“ ќе треба да доведе три утоварувачи, 62 камиони кипери и 15 багери. Од останатите подизведували, „Гранит“ ќе треба да ангажира 44 машини, „Илинден АД Струга“ 13 и „Топ Билд“ и „Градба Промет“ по 9 машини. Според она што е објавено во договорот, машините на „Топлина“ веќе се во кругот на РЕК Битола. Во тендерот е наведено дека ископот ќе се мери и ќе се исплаќа според месечно геодетско снимање.

Оваа охридска фирма претходно беше подизведувач на „Марковски компани“, која по смената на власта беше исклучена од тендерите во рударско-енергетскиот комбинат. Откако договорот со „Марковски компани“ беше раскинат во декември минатата година, „Топлина“ продолжи со работа како привремен оператор. 

На 14 јануари ЕСМ објави дека изборот на нов економски оператор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ пропаднал, откако ниту една понуда не ги исполнувала критериумите. Според Комисијата за јавни набавки, строгите барања за техничко-професионална способност ја ограничиле конкуренцијата, бидејќи операторите требало да имаат ископано најмалку 500.000 тони јаглен и три милиони кубни метри земјени маси во последните три години. Поради ова, ЕСМ најави нов јавен повик со олеснети критериуми за да се овозможи учество на поголем број компании, но истовремено дека ќе бара и зголемена техничка опременост на изведувачите за да се гарантира квалитетот на услугите. „Топлина“ е избрана како најповолен понудувач со цена од 49,85 денари за гигаџул ископан јаглен и 214 денари по кубен метар јаловина.

„Во период кога изведувачот нема да биде ангажиран, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Станува збор за ангажман за период за период од една година или до исцрпување на средства предвидени во финасиска рамка, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет“, соопшти претходно ЕСМ со објаснување дека избраниот економски оператор би се ангажирал по налог на Подружница РЕК „Битола“, согласно потребите на рударско-енергетскиот комбинат.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика