Топло во Европа, снежно во Австралија
Објавено во: Свет 11 Август, 2019
Додека Европа се бори со високи температури, сосема поинакво време има на јужната хемисфера.
Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час, а полека се движи источно од земјата. Метеоролозите ги советуваа граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки.
Снегот падна во Нов Јужен Велс, Викторија и Канбера, а 80 см снег падна во планинските области.
Поради силните ветришта воздушниот сообраќај беше запрен и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј.