Торнадо однесе три животи и „зароби“ луѓе во домовите
Објавено во: Свет 23 Мај, 2019
Три лица загинаа во силното торнадо кое го погоди главниот град на американската сојузна држава Мисури, Џеферсон Сити.
Градот е погоден од силно невреме и е причинета голема материјална штета.
Локалните власти соопштија дека Џеферсон Сити е погоден од „насилно торнадо“, додавајќи дека многу луѓе останале заробени под урнатините на нивните домови.
Торнада се регистрирани и во градовите Џоплин и Карл Џанкшан во Мисури, но според тамошните локални власти, нема сознанија за загинати, туку само за предизвикана значителна материјална штета.