29 Март, 2024
0.0269

Тортевски и Најчевска му пишаа на Макрон: Ги будите силите кои сакаат крај на Европа

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Тортевски и Мирјана Најчевска, како и неколкумина други интелектуалци му испратија писмо на Емануел Макрон, претседателот на Франција, од кого се бара доделување на датумот за преговори на Македонија со ЕУ, бидејќи во спротивно, како што велат потписниците, ќе се разбудат силите кои посакуваат крај на обединета Европа.

„Ние како група македонски интелектуалци, вистински поддржувачи на системот на вредности врз кои што се темели Европската унија, би сакале да Ви укажеме дека блокирањето на процесот на евроинтеграции на нашата држава само од страна на Франција,  е некореткно и нечесно и во голема мера опасно. Со огромен напор и учество на голем број граѓани нашата држава успеа да излезе од рамката на затвореното општетсво. Со уште поголем напор и по цена на големи внатрешни превирања  изврши уставни измени со што се преименува од Република Македонија во Република Северна Македонија, прифаќајќи преседан дотогаш невиден во историјата на меѓународното право, и нешто што како услов Европската унија го нема поставено спрема ниту една од земјите членки при нивниот прием. Меѓу другото искрено прифаќајќи ги Вашите сугестии упатени до нашите граѓани на 22.09.2018 година, на само неколку дена пред референдумот, верувајќи Ви како на Претседател на земја која на светот му ги подари француската револуција и Liberté, égalité, fraternité. се вели во писмото.

Покрај Тортевски и Најчевска, потписници се и Марко Дамевски, Татјана Олумчева, Самуил Стојановски, Виктор Стевиќ, Сенад Аруч, Виолета Димитровска.

„Потписниците на ова писмо искрено ја посакуваа Вашата победа на изборите, водени од  Вашиот систем на вредности кој го прокламиравте пред јавноста, Вашата цел за унапредување на ЕУ, човековите права и слободи. Во секоја држава, па и во Франција постојат сериозни сили кои посакуваат крај на обединета Европа, шират ксенофобија и ги повикуваат сеништата кои ја втурнаа Европа во Првата и Втората светска војна. Истото е можеби поизразено кај нас, како земја која неполни 30-триесет години практикува граѓанско-демократски систем на функционирање. Факт е дека, господине Макрон, нашите институции не се на ниво на европските, дека во многу сегменти заостануваме зад европските стандарди, меѓутоа, би сакале да ве потсетиме дека како држава која произлезе од распадот на СФР Југославија, нашата јужна граница и пристапот на море ни беше блокиран од страна на Грција, што секако е спротивно на сите акти на Унијата и принципите на меѓународното право. Исто така, Македонија го почитуваше ембаргото кон остатокот на Југославија кој го наметнаа ЕУ и ОН, што заедно со економската блокада од Грција многу придонесе за наша економска стагнација и пад на животниот стандард. Сепак, мнозинството наши граѓани упорно опстојуваат на ставот дека ЕУ беше и останува наша стратешка определба“, додаваат од таму.

Во продолжение тие веруваат во конспирацијата дека непопуларниот потег на Макрон би можел да го дестабилизира Преспанскиот договор и дека и во Грција, како и во Македонија, неколку семејства го контролираат целокупниот општествено-политички живот.

„Господине Макрон, Вашиот амбасадор во Република Северна Македонија, неговата Ексцеленција, господинот Тимоние, излезе со соопштение дека нашата држава и процесите во неа се контролирани од 10-ина семејства и дека такви земји не се пожелни во ЕУ. Голем дел од Потписниците на ова писмо се согласуваат со оваа констатација, меѓутоа, не сме сигурни дека знаете дека Вашата блокада всушност ќе ја зацементира позицијата на овие 10-ина семејства, а ќе биде нож во грбот на сите правдољубиви и слободоумни граѓани кои искрено ги почитуваат европските вредности, морални норми и стандарди и се обидуваат да изградат систем во кој токму овие вредности ќе бидат вгардени во политичките и правни темели.

Од друга страна, може да се каже дека Грција е заложник на помалку од десет големи семејства, па сепак е пожелна за ЕУ. Се плашиме дека многу набргу, ќе се отвори прашањето дали всушност и повторно Франција е инструментализирана токму од Грција, а со тоа ќе се доведе под знак прашање токму Преспанската спогодба зад која и Вие лично застанавте.

Независно од тоа, ние остануваме доследно и автентично посветени на ЕУ вредностите и нивната имплементација во нашата држава, меѓутоа тоа може да влијае на желбата на граѓаните и понатаму да бидеме перцепирани како дел од франкофонијата“, гласи последниот дел од псимото упатено до францускиот претседател.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав