21 Јануари, 2021
0.0179

Toyota Yaris - новата енергија која не ти дава да застанеш

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2020

Уникатен и препознатлив, новиот Toyota Yaris е најдобриот избор за сите оние кои се во потрага по компактен, удобен, моќен и безбеден автомобил. Четвртата генерација на Yaris одлично се вклопува во урбаниот начин на живеење, но ќе ви понуди и максимално уживање при возење на отворен пат.

Комплетно нов, модерен и динамичен надворешен изглед. Дизајниран со страст кон животот и љубов кон возењето. Чистиот и минималистички дизајн во внатрешноста ги држи вашите раце на управувачот, а очите секогаш на патот.

Компактен однадвор, комфорен одвнатре - новиот Yaris ќе ви понуди простор за максимално уживање каде и да одите. А паркирањето на возилото и снаоѓањето низ тесните градски улички никогаш нема да ви биде полесно. Има најмал радиус на вртење во класата од само 9,8 метри.

Оваа генерација на Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапна со два бензински мотори како и еден хибриден мотор од четвртата генерација, со кој ќе уживате во возењето на струја дури 80% од времето поминато во градски метеж. Што и да одберете, бидете сигурни дека сте одбрале моќни перформанси и ниска потрошувачка на гориво.

Богати пакети на опрема со промотивни цени почнувајќи од 12.490 Евра, како и можност за избор на двобојна каросерија за уште поголема атрактивност во изгледот на возилото.

Земајќи ја во предвид неговата препознатливост како лидер во сегментот кога станува збор за безбедноста, новата генерација на Yaris повторно ги поместува безбедносните стандарди. Безбедносниот пакет Toyota Safety Sense, како и централното воздушно перниче, кое за прв пат е претставено во овој сегмент на возила, се дел од неговата стандардна опрема. Потврда за безбедноста на ова возило е и наградата “SafetyBest” доделена од страна на реномираното жири на “AutoBest”.

Гаранцијата од 6 години или 200.000 Км, ќе ви овозможи да се чувствувате сигурно и релаксирано, знаејќи дека компанијата секогаш и секаде е ваша поддршка. За сите оние кои ќе го одберат финансирањето при купување на возилото во понуда е атрактивна каматна стапка од само 4,5% (3,75% за хибридниот модел).

Toyota Yaris е автомобил кој што ќе ве истакне вас и вашиот уникатен карактер во метежот од автомобили во градот. Кога имаш енергија да продолжиш понатаму, тогаш зошто да застанеш?

За повеќе информации за новиот Toyota Yaris, погледете го видеото за моделот https://www.facebook.com/217662561586695/videos/1107168106400112/, или посетете го салонот на Toyota Авто Центар.


Можеби ќе ве интересира

ИутеКредит со донации го поддржува спортот во Македонија

ИутеКредит со донации го поддржува спортот во Македонија

Побрзајте и освојте вредни награди: Наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола ,,Вреди да се штеди’’ завршува на 31 јануари

Побрзајте и освојте вредни награди: Наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола ,,Вреди да се штеди’’ завршува на 31 јануари

Porsche ја збогатува понудата на Taycan

Porsche ја збогатува понудата на Taycan

Samsung BESPOKE линијата на фрижидери за прв пат на CES 2021

Samsung BESPOKE линијата на фрижидери за прв пат на CES 2021

Што вели науката - дали никотинот предизвикува болести поврзани со пушењето?

Што вели науката - дали никотинот предизвикува болести поврзани со пушењето?

Хуавеј рангиран како најдобар 5Г оператор според најновиот извештај на Оокла

Хуавеј рангиран како најдобар 5Г оператор според најновиот извештај на Оокла

Супер подарок со Е-сметка: А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

Супер подарок со Е-сметка: А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

Наследството на директната продажба: Борба против невработеноста и овозможување претприемништво

Наследството на директната продажба: Борба против невработеноста и овозможување претприемништво

Запознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време

Запознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време