ТРАГИКОМИЧНО: Полиција уапси пијана невеста која не успеала да стигне на сопствената венчавка
Објавено во: Свет 13 Март, 2018
Една невеста е уапсена затоа што на пат кон местото на нејзината венчавка возела во пијана состојба, па така не ни стигнала на потребната локација. Не е познато зошто Амбер Јанг (32) тргнала сама и целосно пијана на сопствената венчавка, но по пат успеала да удри три автомобили додека да пристигне полицијата.
Една личност претрпела полесни повреди и била префрлена во најблиската болница. Полицијата и ставила лисици на рацете и ја однела во станицата.
Невестата по трезнењето во полициската страница е пуштена на слобода, но не е познато дали пристигнала на сопствената венчавка.