24 Април, 2024
0.0301

Tрајковска за зависноста од социјaлни мрежи: Се „социјализиравме“, но ја изгубивме основната комуникација

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Дека социјалните мрежи ги заменуваат личните контакти, кафе средби, дружења, и дека се создава зависност, потврдува Оливера Трајковска, сертифициран тренер за односи со јавност. Таа е дел од тим кој ја истражува и анализира оваа појава, а резултатите се очекуваат наскоро.

Фактор: Дали користењето на социјалните мрежи ја намалува реалната комуникација кај луѓето?

Од пред неколку години, социјалните мрежи станаа неизоставен дел од секојдневниот живот. Сѐ што се случува во реалниот живот, едноставно треба да биде презентирано, промовирано и рекламирано на социјалните мрежи. Има еден слоган кој вели: „Ако ве нема на социјалните мрежи исто како да не постоите“. Навистина, наметнатиот тренд токму тоа и го покажува. Полека, но сигурно виртуелниот свет ја превзема реалната комуникација. Сите наоѓаат време за пост на Фејсбук или Инстаграм, додека за средба во четири очи секогаш имаат набиена агенда на денот. Емоциите се изразуваат со емотикони кои сами по себе се еден интересен дизајн, ама емотиконот воопшто не може да ја покаже реалната емоција која во моментот се чувствува. Премногу работи од интимниот живот се ставаат на тапет, без претпазливост како ќе бидат восприемани од другата страна. Реалните контакти сѐ повеќе се избегнуваат, оние кои пак се остваруваат имаат изгубено од својата суштина. И тие го носат белегот на социјалните мрежи. Па, така од едно обично кафе со пријател се прави помпа. Се објавува фотографија, мора да се пријави локацијата и на крајот заедничкото кафе поминува во евидентирање на лајкови и пишување коментари, дури и без основното прашање: Како си?. Генерално, ова се однесува на сите возрасни групи, но на удар најмногу се адолесцентите и учениците во основните училишта. Тие буквално, се будат и заспиваат со социјалните мрежи. Со еден збор се „социјализиравме“, но ја изгубивме основната комуникација.

Фактор: Дали оваа појава прераснува во проблем?

Секако. Аналогно на сето досега наведено, се појавуваат девијации и во личноното и социјалното дејствување на единките, но  имаме и негативен ефект и врз психо-физичкото здравје. Прекумерното користење на социјалните мрежи и сликата која секој за себе ја создава во малиот интернет простор му дава чувство на удобност. Во 90% од постовите сѐ е розева бајка, сите се многу убави, среќни, успешни. Но, што е со реалноста? Постои ли можност луѓето да живеат во креиран живот кој сакаат да го живеат? Од друга страна, личниот живот стана сечиј. Имаме многу фотографии кои ја преминуваат пристојноста, многу говор на омраза, нецензурирани коментари... Поголем дел од адолесцентите живеат во филм дека се филмски ѕвезди, па така секоја нивна фотографија многу наликува на фотографиите на филмските ѕвезди. Впрочем, тие се трудат да изгледаат како нив уште на дванаесет години. Тоа е сосема погрешен правец во кој работите се движат. На таа возраст децата треба да бидат природни, весели и да се дружат со своите врсници. Наместо тоа, тие изгледаат како од модните магазини, цел ден минуваат пред мобилните уреди, се усреќуваат со сѐ поголем број на лајкови. Тука се јавуваат и многу појави кои сами по себе се иницирани од желбата да се биде нај-нај, а тоа се зависта, губењето на квалитетно другарство, депресија и антисоцијализација. Кај повозрасната популација, за жал социјалните мрежи биле честопати причина за дисфункционалност на семејството. Родителите поголемиот дел од денот го минуваат приковани на мобилните уреди, следствено на тоа и децата. Изгубен ред на оброците, голем број на неверства преку онлајн разговорите, проблеми со психо-физичкото здравје. Прикованоста за мобилните уреди предизвикува и низа на здравствени проблеми кои се рефлексија на намаленото движење, постојаната изложеност пред малите екрани, седењето во иста положба со часови. И како резултат на сето тоа имаме: кардиоваскуларни заболувања, проблеми со видот, деформитети на р’бетниот столб. Мораме да станеме свесни дека имаме проблем и да дејствуваме. Да превенираме, да отстрануваме. Во спротивно, одиме по надолна линија. Во решавањето на овој проблем, круцијална улога имаат родителите. Пред сѐ, треба самите тие да го редуцираат времето поминато на социјалните мрежи, да внимаваат на содржината која ја објавуваат и со тоа да дадат позитивен пример на своите деца. И најважно од сѐ, техлогогијата треба да ни служи нам, не ние нејзе. Јас како родител на две малолетни деца, чувствувам морална одговорност да сторам сѐ во рамки на моите можности и да придонесам во борбата против едно од модерните зла, кое притаено егзистира и прави штета од разорувачки размери.

Фактор: Дали „живеењето“ на социјалните мрежи доведува до отуѓување на луѓето?

Апсолутно. Се губат пријателствата, се разнишуваат брачните врски, исчезнува врската дете-родител. Едноставно секој живее во свој свет. И таму, се чувствува удобно. Жалам што ќе кажам , но станавме воајери на туѓите животи додека нашите одминуваат неизживеани. Недостатокот на љубов во семејството и пријателствата се компензира со материјални нешта. И тука некаде е и почетокот и крајот. Се вртиме во маѓепсан круг од кој нема излез. Можеби и не сакаме да го најдеме излезот, затоа што реалноста е нешто во кое мораме да соочуваме со многу предизвици, да истрајуваме, да љубиме, да градиме цврсти врски.

Фактор: Имате ли некое истражување или искуства од терен во контекст на оваа тема?

Истражување има, но сѐуште трае. Се надевам, до есен ќе приврши. Проблемот бара детално анализирање. Не смееме наивно да приоѓаме на сето ова, бидејќи имаме глобален проблем. Во заедничкото истражување се вклучени и интернационално докажани индивидуи кои дејствуваат во оваа област. Истражувањето е првенствено сконцентрирано на ефектот кој социјалните мрежи го прават врз психофизичкото здравје, од зависност, дејство врз мозочната кора, појавата на депресија, физичките заболувања кои се причинско-последично поврзани со првите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку 2:1

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку 2:1

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти