23 Април, 2024
0.0347

Трамп: Битката за ѕидот е важна и мора да се добие

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

 Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека е подготвен за долготрајна блокада на американската Влада се додека не се реши финансирањето на изградбата на ѕидот на границата со Мексико, јави весникот „Ју Ес Еј Тодеј“.

– Ова е могу важна битка која мора да се добие, изјави тој вчера во Белата куќа пред да замине нa советување со својот пресонал во воената база Кемп Дејвид.

По втор пат неделава Трамп сугерираше дека блокадата на Владата, која трае веќе 16 дена, може да предизвика воведување на национална вонредна состојба, што ќе му даде за право да користи воени средства за изградба на ѕидот.

– Владата може да се отвори уште денес, или да биде затворена многу долго, изјави тој.

Демократите ги осудија барањата на Трамп за финансирање на изградбата на ѕидот и за некакво воведување на вонредна состојба во земјата.

-Тоа би било ужасно искористување на доларите за одбрана, Адам Смит, демократски конгресемен од сојузната држава Вашингтон и новиот претседавач со конгресниот Комитет за армиски служби, изјави за телевизијата „Еј-Би-Си“.

Тој го повика претседателот да ја деблокира Владата и да преговара за поголема безбедност на границата со Мексико и „да започне да ја плаќа нашата гранична полиција и патрола и останати 800 илјади вработени во државната администрација кои ги напуштија работните места“ и не примаат плата.

– Претседателот нема никакво разбирање на овој проблем, изјави Смит.

Републканците и демократите се најдоа во ќорсокак откако не договорија буџет за финансирање на работата на американската федерална влада. Трамп побара 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико, додека демократите, кои сега го контролираат Претставничкиот дом, на ја одобруваат изградбата и ја отфрлаат како прескапа и непрактична.

Повикуваат на преговори, но услов за тоа е привремено деблокирање на Владата.

Трамп изјави дека сочувствува со стотиците илјади државни службеници кои не работат или останале на работните места  но не се платени.

– Можат да се прилагодат, порача тој.


Можеби ќе ве интересира

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија