ТРАМП ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Ќе поднесе тужба против многумина, но поради каква истрага?
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе поднесе тужба против лица кои се вклучени во истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.
„Веројатно ќе поднесам многу тужби против голем број луѓе вклучени во изборната истрага за 2016 година“, рече Трамп на прес-конференцијата со финскиот претседател Саули Нинисте.
Американскиот претседател не прецизираше на кој мисли, но постојано изразува незадоволство од работата на некои централни актери во истрагата што ја спроведе американскиот специјален агент Роберт Милер, како што е поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого го разреши во мај 2017 година.
Истрагата на Милер не најде доволно докази дека Трамп и неговиот изборен штаб заговарале со Русија.
Милер исто така изјави дека нема доволно докази за да се обвини секој службеник во кампањата дека работи како нерегистриран странски агент на Русија.