Трамп и платил на порно ѕвезда за да молчи
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2018
Нов скандал го потресе американскиот претседател Доналд Трамп откако The Wall Street Journal објави дека порно актерката Стефани Клифорд добила 130.000 долари од неговиот адвокат Мајкл Коен во 2016 една година пред да започнат претседателските избори во САД.
Клифорд таа година разговарала со повеќе американски медиуми да им каже нејзината приказна за секс врската која ја имала со богатиот Доналд Трамп, но објавата никогаш стигнала до јавноста бидејќи според The Wall Street Journal и било платено да молчи.
Што точно стои во договорот е непознато бидејќи Клифорд е обврзана да не открива детали пред јавноста. Сепак, медиумите ја истражуваа приказната и открија дека Трамп ја запознал Клифорд на неговиот голф терен во 2006 година кога бил тазе венчан со Меланија.
Адвокатот Коен негира дека бил ангажиран од Трамп за склучување на договор со Стефани Клифорд.
Белата куќа написот на The Wall Street Journal го оцени како шпекулативен полн со застарени приказни кои не биле веродостојни.