Трамп ја омаловажи Црна Гора: „Тие се многу агресивни луѓе, може да предизвикаат светска војна“
Објавено во: Свет 18 Јули, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз на сугестија на водителот Такер Карлсон го омаловажи членството во НАТО на најновиот сојузник - Црна Гора, бидејќи "агресивните луѓе" на таа земја може да предизвикаат глобален конфликт и да ги вовлечат САД во истиот.
"Патем, тие се многу силни луѓе, тие се многу агресивни луѓе", рече Трамп. "Тие можат да станат агресивни. И честитки, вие сте во Третата светска војна".
Црна Гора, наводно, на последниот самит дала ветување дека земјата ќе помогне во борбата против најдолгата војна во Авганистан. Пред пристапувањето во НАТО, Црна Гора, помогаше во напорите за реконструкција на Авганистан речиси осум години.
Црна Гора во 2016-та се соочи со голем постизборен скандал, откако беше обелоденето дека агенти поврзани со Русија кроеле план да го убијат црногорскиот премиер.