ТРАМП НЕ И ОСТАНА ДОЛЖЕН НА ЕУ: Се однесуваат ужасно со нас
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп не задоцни во одговорот кон ЕУ, откако претседателот на Еврoпскиот совет Доналд Туск најави дека со пријателите како САД под менаџментот на Трамп не ти требаат непријатели.
Туск го сторил тоа од конкретни причини - давачки за увоз на алуминиум и челик во САД и иранскиот нуклеарен договор. Пред средбата со американскиот генерален секретар Јенс Столтенберг, Трамп го коментираше одговорот.
„Европската унија се однесува ужасно со САД во трговијата, се однесува ужасно со нашите вработени“, рекол американскиот претседател, цитиран од Euronews.
Трамп го посочил како пример - автомобилскиот сектор. Според него ЕУ не дозволува американските автомобили да излегуваат лесно на европскиот пазар, а европските автомобили, претежно германските "го преплавуваат" американскиот пазар.
Потсетуваме дека царините за увоз на американски автомобили на Стариот континент се 10%, а оние на европски автомобили во САД - 2,5%. "Тие плаќаат малку данок а нам ни наметнуваат многу данок ", заклучил претседателот на САД.
Вчера на самитот на ЕУ во Софија Доналд Туск и Жан-Клод Јункер експлицитно истакнаа дека ЕУ е подготвена да преговара за нов договор за слободна трговија, но не и додека во сила се царините за увоз на алуминиум и челик во САД .