14 Февруари, 2025
0.0273

ТРАМП САКА ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА, НО ДАЛИ Е ТОА БЕСПЛАТНО: За возврат бара нешто од Украинците, но што точно, останува мистерија

Објавено во: Свет 03 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп бара Украина да им обезбеди на САД ретки метали како услов за помош на земјата разурната од војна.

„Сакаме да склучиме договор со Украина каде тие ќе ни ги обезбедат нивните ретки метали како гаранција за она што ние ќе им го дадеме“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

- Украина изрази подготвеност да соработува во обезбедувањето основни материјали. Многу сектори се потпираат на нив - додаде тој.

Тој не прецизираше какви материјали бара Вашингтон од Киев.

Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, вети дека брзо ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина, но не објасни како планира да го постигне тоа. Неговите помошници сугерираат дека преговорите би можеле да траат со месеци.

Трамп изрази подготвеност да разговара со Путин за завршување на војната, што е во спротивност со политиката на поранешниот демократски претседател Џо Бајден, кој избегнуваше контакт со рускиот лидер.

Изборната победа на Трамп во ноември ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година. Но, во Киев постои загриженост дека брзиот мировен договор може скапо да ја чини Украина.

(Kurir.rs/AFP)

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП НЕ СЕ ШЕГУВА: Почнаа да „летаат“ откази во различни владини агенции

ТРАМП НЕ СЕ ШЕГУВА: Почнаа да „летаат“ откази во различни владини агенции

ТРАМП ПОТПИША ЗА РЕЦИПРОЧНИ ЦАРИНИ: За Украина ќе има место на масата за преговори

ТРАМП ПОТПИША ЗА РЕЦИПРОЧНИ ЦАРИНИ: За Украина ќе има место на масата за преговори

СЕ ЈАВИ СИРСКИ: Објасни колкава територија држат во Курск

СЕ ЈАВИ СИРСКИ: Објасни колкава територија држат во Курск

ПОРАКА ОД ФРАНЦИЈА: Не смее да има големи отстапки за Русија

ПОРАКА ОД ФРАНЦИЈА: Не смее да има големи отстапки за Русија

ЗЕЛЕНСКИ: Киев нема да прифати никакви договори без наши претставници

ЗЕЛЕНСКИ: Киев нема да прифати никакви договори без наши претставници

МОРА ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА: Кој е напаѓачот кој со автомобил влета во толпа во Минхен?

МОРА ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА: Кој е напаѓачот кој со автомобил влета во толпа во Минхен?

ЖИТЕЛИ НА ЗАПОРОЖЈЕ: Продажбата на Украина не е успех

ЖИТЕЛИ НА ЗАПОРОЖЈЕ: Продажбата на Украина не е успех

(ВИДЕО) МАЖ ФРЛИ ГРАНАТА ВО БАР ВО ФРАНЦИЈА: Најмалку 12 луѓе се повредени, некои се во критична состојба

(ВИДЕО) МАЖ ФРЛИ ГРАНАТА ВО БАР ВО ФРАНЦИЈА: Најмалку 12 луѓе се повредени, некои се во критична состојба

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ГРУПА ЛУЃЕ ВО МИНХЕН - во тек е голема полициска акција

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ГРУПА ЛУЃЕ ВО МИНХЕН - во тек е голема полициска акција