Трамп се уште не размислува за санкции против Турција
Објавено во: Свет 19 Јули, 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не ги разгледува економските санкции „токму сега“ во однос на Турција по големата набавка на оружје од Русија.
„Во моментов не се занимаваме со ова“, изјави Трамп за новинарите и ја опиша ситуацијата како „многу, многу тешко поради многу причини“.
„Ќе видиме што ќе правиме, уште не сме решиле", додаде американскиот претседател, а пренесуваат медиумите од регионот.
САД на 16-ти јули објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за испорака на прикриени борбени авиони F-35, откако Турција се спротивстави на предупредувањата и започна со снабдување со системот за ракетна одбрана Ц-400. Според законот одобрен од Конгресот во 2017 година, САД, исто така, се должни да наметнат санкции за земјите вклучени во „значајни“ операции со оружје со Русија.