ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: „Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко“
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2025 09:39
Американскиот претседателот Доналд Трамп синоќа објави дека му наложил на Министерството за одбрана да се подготви за можна воена операција во Нигерија доколку нејзината влада продолжи да дозволува убивање на христијани.
Во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека американската влада исто така веднаш ќе ја прекине целата помош за Нигерија доколку таа сега посрамотена земја не преземе нешто за да го спречи прогонот на христијаните.
- Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко, исто како што терористичките насилници ги напаѓаат нашите сакани христијани! Предупредување: Нигериската влада подобро е да дејствува брзо!, напиша Трамп, осврнувајќи се на исламските фундаменталисти во најнаселената земја во Африка.
Еден ден претходно, Трамп ја вклучи Нигерија на списокот на САД на земји од посебна загриженост во врска со верската слобода, наведувајќи дека христијанството таму се соочува со егзистенцијална закана.
Карактеризацијата на Нигерија како религиозно нетолерантна држава не ја одразува нашата национална реалност, одговори на платформата Икс, нигерискиот претседател Бола Тинубу, муслиман во брак со христијанска паштерка, пред Трамп да се закани со воена акција.
Одлуката на Трамп доаѓа по месеци лобирање од страна на американските конзервативци кои сметаат дека христијаните во Нигерија се соочуваат со геноцид, објавија светските агенции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев
САД со најголема забрана досега: Повеќе од 30 држави под удар
Велика Британија сака да отклучи „златно доба на нуклеарното оружје“, но се соочува со клучни предизвици во оживувањето
Најновото предупредување на Путин до Украина покажува колку е малку веројатен мировен договор





