Трамп: Силна Европа е многу, многу важна за мене
Објавено во: Свет 21 Април, 2017
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој претходно ја поздрави одлуката на Велика Британија да излезе од Европска унија, синоќа изјави дека сака ЕУ да остане силна.
Изјавата на Трамп е контрадикторна затоа што во јануари тој кажа дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.
„Силна Европа е многу, многу важна за мене како американски претседател, како и за САД. Ние го сакаме тоа и ќе и помогнеме на ЕУ да биде силна, а тоа е корисно за сите“ - вели Трамп на прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.
Кон крајот на мај Трамп планира првпат да ја посети Европа, а предвидено е да учествува на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, а потоа на самитот на Г-7 на Таорима, сицилијански остров на 26 и 27 мај.