11 Јули, 2025
0.0297

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2025 00:24

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе свика клучен состанок на својот тим за национална безбедност во Белата куќа вечерва, на деветтиот ден од војната меѓу Израел и Иран, објави „Аксиос“. Средбата ќе се одржи во кризната соба, а се очекува главната тема да биде потенцијалниот американски одговор на продлабочувањето на регионалната ескалација.

Според информации од неколку извори, состанокот би можел да претставува пресвртница во сегашната стратегија на американско воздржаност. Трамп пред неколку дена изјави дека ќе донесе одлука за евентуален воен одговор на САД во рок од две недели, но фактот дека вечерва го собира својот безбедносен тим сугерира дека одлуката би можела да се донесе уште порано.

На состанокот се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ратклиф, директорката на Националното разузнавање (DNI) Тулси Габард, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Кејн, и специјалниот пратеник за Иран, Џејсон Виткоф. Станува збор за луѓе од внатрешниот безбедносен круг на претседателот, кои се вклучени во дневни консултации од почетокот на конфликтот.

Исходот од состанокот би можел да ги обликува глобалните безбедносни односи

Администрацијата на Трамп во моментов балансира помеѓу две цели - одржување на поддршката за Израел и избегнување на директно американско воено вклучување во уште една голема војна на Блискиот Исток.

Обидите за дипломатска деескалација досега не дадоа резултати. Турција неодамна, во координација со Вашингтон, се обиде да воспостави таен канал за комуникација меѓу САД и Иран, но врховниот лидер Али Хамнеи наводно не се согласил на директен дијалог.

Затоа, состанокот се смета за клучен - не само за евентуалната одлука за американско воено вклучување, туку и како сигнал до сојузниците и противниците дека САД ја задржуваат стратешката контрола врз кризата. Исходот од овие консултации би можел да го обликува не само понатамошниот тек на конфликтот меѓу Израел и Иран, туку и глобалните безбедносни односи во наредните месеци.

Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

Поради ограничувањата од САД: Вртоглав пад на профитот на Самсунг

Поради ограничувањата од САД: Вртоглав пад на профитот на Самсунг

Тврдеше дека Путин сака мир, сега го смени ставот: Трамп го губи трпението со рускиот лидер, зошто сега?

Тврдеше дека Путин сака мир, сега го смени ставот: Трамп го губи трпението со рускиот лидер, зошто сега?

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

„ПОВЕЌЕ НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИРНОДОПСКИ ПЕРИОД“: Фредериксен ќе се бори за построга имиграциска политика

„ПОВЕЌЕ НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО МИРНОДОПСКИ ПЕРИОД“: Фредериксен ќе се бори за построга имиграциска политика

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов