28 Март, 2024
0.0259

Трамп влезе во историјата: Стана првиот американски претседател кој два пати беше отповикан

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Мнозинството од американскиот Претставнички дом гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Со ова тој влезе во историјата како единствен претседател за кој Долниот дом на Конгресот изгласал отповикување во текот на неговиот мандат.

„За“ гласаа 221 пратеник од Демократската партија и дури 10 републиканци, иако очекувањата беа дека ќе гласаат помалку. „Против“ гласаа 197.

Инаку малку е веројатно дека сега Сенатот каде продолжува постапката, ќе го отповика Трамп со оглед дека му преостануваат уште осум дена од мандатот, како и тоа што Горниот дом сè уште е под контрола на републиканското мнозинство.

Трамп е обвинет дека го поттикнал бунтот на демонстрантите кои на 6 јануари упаднаа во зградата на конгресот и го „окупираа“ околу 4 часа, во период кога таму траеше седницата со која официјално се потврди победата на демократот Џо Бајден на изборите на 3 ноември 2020.

Првиот импичмент за Трамп за кој гласаше Претставничкиот дом беше во декември 2019. 


Можеби ќе ве интересира

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина