ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ЗA АВГАНИСТАН: Војната ќе ја добие за недела, а земјата ќе биде збришана
Објавено во: Свет 22 Јули, 2019
Претседателот на САД, Доналд Трамп од Пакистан бара помош САД да се повлече од војната со Авганистан, нагласувајќи дека таа војна можат да ја добијат за една недела.
„Би можел да ја добијам војната за една недела. Авганистан би можел да биде избришан од лицето на Земјата, буквално за 10 дена. Но, не сакам да одам по тој пат, не сакам да убијам 10 милиони луѓе“ - изјавил Трамп при посетата на пакистанскиот министер Имран Кан во Белата куќа.
Тој нагласил дека Пакистан ќе му даде поддршка на Вашингтон од повлекувањето од Авганистан.
„Ние сме таму 19 години и настапувавме како полицајци, а не како војници. Ова е најдобриот мировен компромис што го имаме“ - изјавил тој.
Кан се надева дека авганистанската влада во текот на неколку недели ќе се согласи на преговорите со Талибанците.