ТРАНСАКЦИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Кинезите вложуваат во најголемиот руски нафташ
Објавено во: Економија 12 Март, 2018
Кинеската фирма „Huarong Aset Menagment“ под контрола на државата , купила 36,2 отсто удел во бизнис единицата на приватното претпријатие CEFC „China Energy“.
Преку таа компанија CEFC спроведува стекнување на удели во рускиот нафтен гигант „Росњефт“ во вредност од 9,1 милијарда долари.
Huarong е под контрола на кинеското министерство за финансии.
CEFC Energy минатиот септември ги најави плановите за купување на 14,16 отсто од акциите во „Росњефт“ од Glenkor и фондот Katar Investment Otoriti (KIA).
Во рамки на долгорочниот договор „Росњефт“ и CEFC Energy во 2017 година потпишале договор за испораки на нафта, според кои руската компанија ќе го снабдува CEFC со 60,8 милиони тони нафта годишно до 2023 година.
Договорот опфаќа развој на истражувачки и производни проекти во Сибир. Две компании планираат да соработуваат и во области на преработка, петрохемиско производство и тргување со сирова нафта.