18 Април, 2024
0.0244

Транспортните компании членки на Македонија сообраќај АМЕРИТ ќе бидат осигурени преку Кроација

Објавено во: Економија 12 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќеимаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”, истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра. 


Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор