ТРАОР: Во Виштица погребани родителите и двете близначиња
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2021
Четиричленото семејство Ахмети - Барди беше погребано во родното место во село Виштица, денеска околу 11 часот. Во сообраќајната несреќа во Бугарија ова семејство изгуби четворица - син ќерка, снаа, внуци... Загинаа татко, мајка и нивните два четиригодишни синови близнаци, јави Алсат
Повеќето од 45-те жртви кои ги загубија животите во оваа несреќа беа погребани вчера попладне, по поклонувањето од страна на претставниците на институциите во земјава.
Фото Алсат