Трет вработен во СЈО на распит за „Рекет“: Сослушана шефицата на кабинетот на Јанева
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денес е сослушана и шефицата на кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Пред два дена беше сослушана и обвинителката Лиле Стефанова, и Елизабета Јосифовска.
Исто така, денес требаше да биде на распит и обвинителот Бурим Рустеми, но неговото сослушување се одложи поради работните обврски на рочиштето за предметот ТНТ.
Стефанова по распитот пред медиумите не откри детали од распитот, и рече дека се што имала да каже пред јавноста за случајот го дала во сопштението во петокот.
Шефицата во оставка, Катица Јанева досега не е повикана на распит.